• петок, 22 ноември 2024

Египетската влада во декември ќе почне со преселување во новиот административен центар

Египетската влада во декември ќе почне со преселување во новиот административен центар
Каиро, 3 октомври 2021 (МИА) - Египетската влада ќе започне со преместување на канцеларијата во нов административен центар, источно од Каиро, во декември, се наведува во соопштението на портпаролот на кабинетот на претседателот.
„Претседателот Абдел Фатах ал-Сиси и наложи на Владата да покрене преместување на владината канцеларија во декември за период од шест месеци“, се додава во соопштението.
Новиот главен град е дизајниран како високотехнолошки „паметен град“ за 6,5 милиони жители со цел да се намали гужвата во Каиро.
Таму ќе се наоѓа владин кварт, деловен кварт, големи паркови и дипломатски кварт. паг/
 

Остани поврзан