• петок, 05 јули 2024

Егзум од Партизан во Далас

Егзум од Партизан во Далас

Њујорк, 15 јули 2023 (МИА) – НБА лигашот Далас официјално објави дека нов играч во екипата е 28-годишниот Австралиец Данте Егзум, кој доаѓа од белградски Партизан.

Егзум на драфтот во 2014 година котираше одлично и како петти избор го селектираше Јута, чиј дрес го носеше до 2019 година. Во следните две сезони беше член на Кливленд каде не остави добар впечаток во голема мера и поради честите повреди.

Австралискиот кошаркар потоа се пресели во Европа настапувајќи за Барселона, а од шпанскиот клуб мина во редовите на Партизан, одигрувајќи фантастична сезона во црбо - белиот дрес.

Егзум во изминатата сезона имаше просек од 13.2 поени, 2.3 скокови и 2.7 асистенции по натпревар, а со Партизан дојде до четвртфиналето во Евролигата и го освои трофејот во регионалната АНА лига. ег/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан