• понеделник, 23 декември 2024

„Егзит Фестивалот“ со еднодневна забава во Струмица, идната година фестивалско издание

„Егзит Фестивалот“ со еднодневна забава во Струмица, идната година фестивалско издание
Струмица, 29 јули 2022 (МИА) - Еднодневна „Get EXITed“ (Гет ЕГЗИТед) забава во организација на тимот на „ЕГЗИТ Фестивалот“ и во соработка со Општина Струмица ќе се одржи на 7 септември со настапи на познати интернационални и регионални музички ѕвезди. Целата листа на изведувачи и местото на одржување ќе бидат објавени наскоро, како и почетокот на продажбата на првиот контингент влезници. Единствениот концепт на овој музички настан беше претставен на денешната прес-конференција во Струмица, на која се обратија градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и претставник на ЕГЗИТ. -„Get EXITed“ пристигнува на 7 септември во Струмица! Ветуваме многу дружење, добра музика и убави изнанадувања. Ги повикувам сите народи на Балканот да дојдат во Струмица за заедно да започнеме едно убаво и големо поглавје на нашиот отворен Балкан, изјави по овој повод градоначалникот на Струмица, Коста Костадинов. Претставничката на „Егзит Фетивалот“, Зорица Чанадановиќ подвлече дека во семејството на ЕГЗИТ настани се придружува и Северна Македонија. -Една од основните визии на овој проект е вовед во креиреањето на новиот македонски фестивал следната година, кој ќе стане нова важна туристичка атракција на Балканот. Но, во овој момент фокусот ни е на големата „Get EXITed“ журка. Многу сме возбудени што конечно ќе се собереме со нашата македонска екипа“, порача Чанадановиќ „ЕГЗИТ“ е најголемата организација на музичката индустрија во Југоисточна Европа, која има свои девет фестивали во седум држави. Покрај матичниот фестивал, кој повеќе од 20 години традиционално се одржува во Нови Сад, ЕГЗИТ досега има организирано бројни фестивали и големи концерти, како што се „Но Слип“ фестивалот во Белград, „Си Денс“ и „Ада Дивајн Авејкенинг“ во Црна Гора, „Револушн“ во Романија, „Си Стар“ во Хрватска, „Еховејвс“ во Грузија, „Фестивал 84“ во Босна и Херцеговина, „Санленд“ на плажата Перла во Бугарија, концертите на Роби Вилијамс и Мадона во Белград, „Ред Хот Чили Пеперс“ во Инѓија и многу други. рт/мд/

Остани поврзан