• петок, 12 јули 2024

Евростат: Речиси 10 отсто од граѓаните на ЕУ не можат да си дозволат пристоен оброк секој втор ден

Евростат: Речиси 10 отсто од граѓаните на ЕУ не можат да си дозволат пристоен оброк секој втор ден

Луксембург, 12 јули 2024 (МИА) – Во најновиот извештај на Евростат се наведува дека минатата година 9,5 проценти од жителите на Европска Унија ден не можеле да си дозволат оброк кој содржи месо, риба или еквивалент на вегетаријанска храна секој втор ден, што е за 1,2 отсто повеќе отколку во 2022 година.

Според истражувањето во 2023 година 22,3 проценти од граѓаните на ЕУ биле во ризик од сиромаштија, што е зголемување за 2,6 отсто во споредба со 2022 година.

Најголем дел од граѓаните кои не можат да си дозволат соодветен оброк е забележан во Словачка со 45,7 проценти, потоа Унгарија со 44,9 отсто и Бугарија со 40,2 проценти. Додека во Ирска 4,2 отсто, на Кипар пет отсто и во Португалија 5,9 проценти од граѓаните не можеле да си дозволат пристоен оброк.

Можноста за соодветен оброк со месо, риба или вегетаријански еквивалент секој втор ден е една од ставките што ги анализира Евростат за да се донесе заклучок за ризикот од сиромаштија во ЕУ. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан