• петок, 22 ноември 2024

Европски сојуз за промена ќе ја бојкотира работата на Собранието додека на дневен ред не се стави нивниот член за ДИК

Европски сојуз за промена ќе ја бојкотира работата на Собранието додека на дневен ред не се стави нивниот член за ДИК

Скопје, 5 јануари 2024 (МИА) - Пратеничката група на Европскиот сојуз за промени, од денеска ќе ја бојкотира работата на Собранието, се додека на дневен ред на Парламентот не дојде поставувањето на нивниот член за кандидат во Државната изборна комисија (ДИК), Абдуш Демири.

Пратеничката Сафије Садики Шаини, на прес-конференција на оваа пратеничка група пред Собранието, кажа дека ова е само првиот чекор, и оти очекува „македонската опозиција да остане лојална на изјавата дека ќе ја напуштат ДИК доколку албанската опозиција не постави свој член во ДИК“.

-Трпението ни е при крај. Апелиравме до претседателот на Собранието, Талат Џафери, да не го узурпира правото на опозицијата да биде застапена во ДИК, но и покрај нашите напори да го почитуваме Изборниот законик, ДУИ по секоја цена измислува пречки како да создаде предуслови за манипулација на изборниот процес, со цел да се ублажи поразот што ќе и се случи на 8-ми Мај. А пак, алатката со која ја извршува оваа задача е токму Џафери, рече Садики Шаини.

Според неа, техничката влада ќе биде бескорисна ако ДИК остане некомплетна или соодносот на нејзините членови остане 5:2 во корист на власта, додавајќи дека, ако и по блокадата на Собранието не биде исполнето нивното право за член во ДИК, ќе ги заостреле опозициските мерки.

- Дали ќе ги блокираме избирачките места во Чаир и Тетово или ќе има некоја порадикална мерка, тоа ќе го разгледаме како коалиција, но додека ова мнозинство се однесува арогантно кон едно законско право, додека институциите на правдата оглувуваат, ние веќе не чувствуваме обврска кон никого, рече таа. бд/нд/

Фото: МИА 

Остани поврзан