• недела, 22 декември 2024

Европски Сојуз за Промена: Власта го избриша сето чувство за хуманост

Европски Сојуз за Промена: Власта го избриша сето чувство за хуманост

Скопје, 20 декември 2023 

Власта секојдневно се соочува со чувството на губење моќ што го избриша сето чувство за хуманост. Толку многу излегоа од контрола што се спремни три децении да си играат со чувствата на најугнетените граѓани.

Со најголема дрскост премиерот Димитар Ковачевски, министерот за правда Кренар Лога и некои заменици и директори вчера се појавија пред непријавените граѓани за да им се дадат уверенија.

Целата оваа манипулација е само за СДСМ да освои неколку гласови. И не само СДСМ туку и АА и ДУИ. Поголем античовечки чин досега не се памети.

И додека ги манипулираат овие граѓани кои ги угнетуваа три децении, ДУИ и АА ги заборавија сите оние граѓани кои сè уште не можат да добијат државјанство, само затоа што се Албанци и власта ги смета за „опасни“.

Покрај овие, оваа власт, веќе дијагностицирана со епидемија на корупција, се обидува да манипулира со илјадници граѓани преку отворање конкурси за вработување или одлуки за работа во пресрет на изборите.

Ова е „Европскиот фронт“ на Ковачевски, Ахмети и Таравари, чии постапки не се европски, туку се крајно слични на руската и српската политика.

Можете да продолжите да манипулирате, но деновите ви се одбројани и овие граѓани ќе ве казнат и ќе ве испратат каде што заслужувате.

 

Европски Сојуз за Промена

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан