• вторник, 05 ноември 2024

Европски совет ги продолжи санкциите кон поединци и ентитети во БиХ

Европски совет ги продолжи санкциите кон поединци и ентитети во БиХ

Брисел, 25 март 2024 (МИА) – Европскиот совет ги продолжи рестриктивните мерки кон поединци и ентитети во Босна и Херцеговина за уште две години, до 31 март 2026 година.

Европската Унија, според тоа, ќе ја задржи својата способност да воведува насочени рестриктивни мерки врз поединци или субјекти кои го нарушуваат суверенитетот, територијалниот интегритет, уставниот поредок и меѓународниот идентитет на БиХ, се наведува ви одлуката на Европски совет.

Во одлуката, објавена вчера, се истакнува и дека може да се воведат рестриктивни мерки и против оние кои сериозно ја загрозуваат безбедносната ситуација во земјата или го поткопуваат Дејтонскиот/Парискиот мировен договор.

Рестриктивните мерки во оваа рамка се состојат од замрзнување на имот, замрзнување на средства и забрани за патување во ЕУ за физички лица.

Европскиот совет на 22 март донесе одлука условно да и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за членство во ЕУ, но не ја утврди преговарачката рамка, наведувајќи дека БиХ мора да ги исполни сите претходно дефинирани критериуми, кои Европската комисија и ги постави на земјата. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан