• понеделник, 23 декември 2024

„Европскиот фронт“ обвини дека Таравар врши психолошки притисок врз организациските директори за да се повлечат

„Европскиот фронт“ обвини дека Таравар врши психолошки притисок врз организациските директори за да се повлечат

Скопје, 18 јули 2024 (МИА) - Во последно време одредени луѓе во Министерството за здравство по налог на министерот Арбен Таравари вршат психолошки и институционален притисок до ниво на закани врз организациските директори, но и медицинските директори на клиниките иако имаат мандат, да се повлечат од функцијата и нивната должност, обвини на денешната прес-конференција пратеничката на „Европскиот фронт“, Рина Ајдари.

Пратеничката истакна дека „Европскиот фронт“ нема да ги поддржат измените на Законот за здравствена заштита.

-Несфатливо е зошто се постапува вака, токму во моментот кога Собранието е во процес на предлагање на измена на Законот за здравствена заштита преку кои се предвидува укинување на организациските директори како посебна категорија. Зошто имаше потреба од сета ова итност да се донесе законот, иако видливо е дека овој предлог-закон содржи неаргументирано образложение, без јавна расправа со организации кои директно и индиректно се фактор во креирањето на здравствени политики како Комората на лекари и Комората на лекари Албанци во Република Северна Македонија, рече Ајдари.

Според неа, ова јасно ја покажува сликата на нелегитимно компромитирано владејачко раководство со изразени карактеристики на полтронизам.

-Причините за како што се вели поефикасно функционирање, рационализација на трошоците и дуализам во одлуките, за жал ги погодуваат само албанските раководители на гореспоменатите институции. Здравството е еден од најчувствителните сектори на општеството и секоја неанализирана ад-хок промена остава непоправливи и долгорочни последици. Оваа власт без етнички легитимитет најде здравство со висок процент на правична етничка застапеност постигната со труд и пожртвуваност 22 години по ред, рече Ајдари.

Координаторот на пратеничката група на „Европскиот фронт“, Блерим Беџети истакна дека подготвуваат законско решение за автентично толкување на Охридскиот договор во контекст на „мајскиот договор“, односно формулата правење владина коалиција победник со победник. Американецот Пол Вилијамс, еден од авторите на Охридскиот рамковен договор, ќе биде еден од оние кои Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе ги ангажира за прецизирање на законско или уставно решение на т.н. Мајски договор, односно озаконување на меѓупартиското коалицирање по принципот победник со победник. Беџети одговори потврдно дека еден од ангажираните е Пол Вилијамс.

-Значи во советот на партијата што го имавме ние усвоивме три резолуции, се разбира и говорот на претседателот Ахмети. Секако дека ние ќе изготвуваме решение, бидејќи по вторпат се случува во нашава држава да не се почитува легитимитетот, а имајќи предвид каква е реалноста етничка во оваа држава, тоа би довело, ако дозволиме така, би довело да се нарушат многу постигнувања до сега и точно и прецизно во духот на Рамковниот договор истовремено јавно сме објавиле дека е ангажиран и еден од тие што го изготвиле рамковниот договор. Значи во духот на Рамковниот договор да се прецизира со законско или уставно решение начелото победник со победник, односно партиите, кои го имаат етничкиот легитимитет и не случајно ние имаме политички став како Европски фронт дека оваа влада нема етнички легитимитет, рече Беџети.

Пратеникот Садула Дураки одби да одговори на македонски јазик околу апсењето на косовски државјанин од страна на полицијата на Северна Македонија, врз основа на потерница издадена од Србија. Ги упати новинарите сами да го преведат неговиот одговор, бидејќи, како што рече, албанскиот јазик е службен јазик. Тој на албански рече дека новата Влада е маша на Србија.

-Оваа Влада што е сега, која за жал ја игра играта на другите и станува маша на другите и маша на Србија и за жал спроведуваат некои работи што можеле елегантно да се поминат и војниците на ОВК слободно да се движат во Република Северна Македонија. Во новата Влада има министер, кој е поддржувач на Путин и министер кој не прифаќа независно Косово, рече Дураки. фф/ац/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан