• четврток, 11 декември 2025

Туск: Европската Комисија ќе ја одобри државната помош за изградба на првата нуклеарна централа во Полска

Туск: Европската Комисија ќе ја одобри државната помош за изградба на првата нуклеарна централа во Полска

Варшава, 10 декември 2025 (МИА) – Полска ги исполнува последните формалности и наскоро ќе добие „зелено светло“ од Европската комисија за изградба на својата прва нуклеарна централа, соопшти премиерот Доналд Туск.

Тој додаде дека изградбата би можела да започне уште овој месец.

Ова соопштение доаѓа по долгогодишните напори на Варшава да обезбеди државна помош во висина од 60 милијарди злоти (околу 13,8 милијарди евра) за изградба на нуклеарнa постројка. Туск потврди дека Европската комисија ќе ја одобри сумата.

„Сè уште има некои ситни формалности кои треба да се исполнат, но наскоро ќе имаме официјална потврда дека Европската комисија ја одобрила државната помош за изградба на АЕЦ во Полска“, рече Туск пред седницата на Владата.

- Првата транша од средствата, во износ од 4,6 милијарди злоти (2,13 милијарди евра), ќе биде доделена во декември, што ќе го отвори патот за почеток на изградбата, посочи тој.

Варшава ја гледа изградбата на атомска централа како клучен елемент од нејзината енергетска стратегија, овозможувајќи постепено напуштање на употребата на фосилни горива.

Проектот предвидува изградба на постројката на локацијата Лубјатово-Копалино на балтичкиот брег на север. Атомската централа ќе има три блока наменети за генерирање нуклеарна енергија, користејќи ја технологијата АП1000 на американската компанија „Вестингхаус“ (Westinghouse).

Избрани да ја градат централата се американските компании „Вестингхаус Електрик“ и „Бехтел Груп“. Плановите се централата да започне со работа до средината на следната деценија, поточно во 2035 година. ссм/јт

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан