• понеделник, 23 декември 2024

Европската агенција за лекови го препорача „ремдесивир“ за третман на коронавирус

Европската агенција за лекови го препорача „ремдесивир“ за третман на коронавирус

„Гилеад“ мора да ги достави конечните податоци до декември. Како што пренесуваат странските агенции, побарувачката за лекот се зголеми, бидејќи се покажа како ветувачки лек во клиничките испитувања. Студијата спроведена од ЕМА покажа дека пациентите со Ковид-19 се опоравуваат во просек четири дена побрзо од другите пациенти. Првично развиен како лек против хеморагична треска од ебола, „ремдесивир“ од лабораторијата на американскиот производител „Гилеад“ е првата терапија која покажа одредена ефикасност кај хоспитализирани пациенти со Ковид-19. „Гилеад“ очекува да произведе повеќе од два милиона дози до крајот на годината, двојно повеќе од првичната цел. Исто така, планира да започне поедноставни форми за примена, како инхалатор во споредба со интравенската. „Ремдесивир“ веќе е одобрен за итна употреба кај неколку тешко болни пациенти во САД, Индија и Јужна Кореја, а конечно одобрение дадоа и јапонските власти. паг/  

Остани поврзан