Европол: Уапсени 101 лице поради криумчарење на уметнички дела
- Во рамки на глобална полициска акција спроведена во 103 земји уапсени се 101 човек и пронајдени се 19.000 украдени археиолошки и уметнички дела, соопшти денеска Европол

Хаг, 6 мај 2020 (МИА) - Во рамки на глобална полициска акција спроведена во 103 земји уапсени се 101 човек и пронајдени се 19.000 украдени археиолошки и уметнички дела, соопшти денеска Европол.
Во операцијата наречена „Атина 2“ разбиена е мрежа за криумчарење на уметнички дела украдени од земјите погодени од војна, но и од музеи и археолошки наоѓалишта. Меѓу пронајдените предмети има монети од различни периоди, керамички предмети, оружје, фосили и слики.
Во акцијата покрај Европол учествуваше и Интерпол, како и полицијата и царината на Авганистан, Шпанија, Колумбија, Аргентина и Литванија. ми/