• вторник, 03 декември 2024

Европол: Низ Европа уапсени 51 лице во борбата против трудова експлоатација

Европол: Низ Европа уапсени 51 лице во борбата против трудова експлоатација

Хаг, 2 јуни 2024 (МИА) – Во заедничка акција спроведена од 31 земја ширум Европа, уапсени се 51 лице во рамките на борбата против трудовата експлоатација и трговијата со луѓе, особено експлоатацијата на граѓани од земји кои не се членки на ЕУ и бегалци, соопшти денеска Европол.

Во соопштението се наведува дека од 20 до 27 април, органите на редот, граничарите и даночните власти ширум Европа идентификувале 334 потенцијални жртви на трудова експлоатација и 160 сторители во 31 земја.

Заедничката акција на Европската мултидисциплинарна платформа против криминални закани (EMPACT) беше предводена од Холандија со поддршка на Европол и Европската агенција за труд (ЕЛА). јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан