• понеделник, 23 декември 2024

Европа повлече 62,6 отсто од гасот наполнет летото во подземните складишта

Европа повлече 62,6 отсто од гасот наполнет летото во подземните складишта
Брисел, 17 јануари 2022 (МИА) - Европа повлече од своите подземни складишта 62,6 отсто од гасот наполнет во текот на летото, се вели во соопштението на Газпром. „Според Гас Инфраструктура Европа, заклучно со 15 јануари, обемот на активен гас во подземните складишта во Европа беше за 25 отсто (15,6 милијарди кубни метри) помалку од минатата година. Веќе се повлечени 62,6 отсто од гасот, наполнет во текот на летниот период“, соопшти компанијата во својот официјален канал во Телеграм. Се прецизира дека обемот на активен гас во европските складишта заклучно со 15 јануари изнесува 46,9 милијарди кубни метри, што е за 1,091 милијарди кубни метри под историските минимални вредности од тој датум. паг/    

Остани поврзан