• недела, 22 декември 2024

Еврокомесарот Вархеји го поздрави изгласувањето на изборната реформа

Еврокомесарот Вархеји го поздрави изгласувањето на изборната реформа
Тирана, 23 јули 2020 (МИА) - Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, го поздрави изгласувањето на изборната реформа од страна на албанскиот Парламент, договорена на 5 јуни, оценувајќи дека е исполнет еден од клучните услови од препораките на Советот на Европа. Еврокомесарот наТвитер ги повика сите страни да продолжат со дискусиите за „духот и резултатите од 5 јуни не излезат од шините“ „Го поздравувам донесувањето на Изборниот законик, во согласност со договорот од 5 јуни. Ова исполнува клучен услов од препораките на Советот на Европа. За каква било друга измена, ги повикувам сите страни да продолжат со дискусиите за духот и резултатите од 5 јуни не излезат од шините, напиша еврокомесарот. Поздравувајќи го изгласувањето на изборната реформа, американската амбасадорка Јури Ким, наведува дека тоа веќе е закон. „Договорот од 5 јуни сега е закон. Вклучувањето на сите и транспарентноста треба да бидат правило за важни национални активности. Сите страни мора да учествуваат со добра волја и да продолжат да се ангажираат и да бидат транспарентни“, напиша Ким. Овој значаен чин за европската иднина на Албанија,како што го оценуваат, го поздравија и британскиот амбасадор Данкан Норман, геманскиот Петер Зинграф и евроамбасадорот Луиџи Сореца. вт/сд/

Остани поврзан