• сабота, 23 ноември 2024

Еврокомесарката Јохансон утре на средба со српските претставници за миграцијата и управувањето со границите

Еврокомесарката Јохансон утре на средба со српските претставници за миграцијата и управувањето со границите

Белград, 15 март 2023 (МИА) - Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон утре ќе ја посети Србија, при што со највисоките државни претставници ќе разговара за соработката во областа на миграцијата и управувањето со границите, јави Бета. 

Како што е најавено, разговорите ќе бидат фокусирани на зајакнување на управувањето со границите, процедурите за азил, поддршка на капацитетите за прифаќање, борба против криумчарењето бегалци, подобрување и обезбедување поддршка за враќање и реадмисија и усогласување на визната политика на Србија со политиката на ЕУ. 

Комесарката ќе оди и на српско-унгарската граница со министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ и извршниот директор на Фронтекс, Ханс Лајтенс. рп/

Остани поврзан