• понеделник, 20 мај 2024

Евертон и Наполи заинтересирани за Лукас Васкез

Евертон и Наполи заинтересирани за Лукас Васкез
Мадрид, 19 февруари 2021 (МИА) - Напаѓачот на Реал Мадрид, Лукас Васкез би можел да ја продолжи кариера во Евертон или Наполи. Според шпанските медиуми, двата клуба размислуваат да го ангажираат 29-годишниот Шпанец, чиј договор со Реал истекува во јуни 2021 година, по што ќе биде слободен агент. Се известува дека за фудбалерот исто така се заинтересирани Валенсија и Севилја. Во сезоната 2020/21, Васкез одигра 24 натпревари за Реал Мадрид, постигна два гола и пет асистенции. Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 15 милиони евра. зс/

Остани поврзан