• среда, 17 јули 2024

Евгениј Поп Ацев и Јана Костадиновска победници на 10. Велешкиот пливачки маратон

Евгениј Поп Ацев и Јана Костадиновска победници на 10. Велешкиот пливачки маратон

Велес, 2 септември 2023 (МИА) - На 10-иот јубилеен Велешки пливачки маратон кој се одржа денеска на езерото „Младост“ на 2,5 километри во машка конкуренција во категорија од 2005 година и постари кај професионалците победник е Евгениј Поп Ацев. Освојувач на сребрен медал е Христијан Стојановски. Во женска конкуренција од истата категорија прва на целта пристигна Јана Костадиноска.

Воедно, ова е и последна четвртта трка од Национаниот куп во далечинско пливање. Градоначалникот Марко Колев им упати честитки на најдобрите во сите категории и благодарност до учесниците.

-Одлична атмосфера и поволни временски услови на велешко езеро „Младост“. Заврши 10. Велешки пливачки маратон, рече Колев.

Инаку, денеска рекреативци и професионалци во машка и женска конкуренција си ги измерија силите во трка на 2500 метри. На крајот беа поделени медалите во сите категории.
 
Кај аматерите прва е Теодора Соколова, а кај машките Дарко Поп Ацев. Втор е Дејан Гуџов, а трет Ване Рибарски. Признание на 800 метри доби Матеја Јакимовска.

Кај професионалци во категоријата 2009 година прва во женска конкуренција е Емилија Велковска, а во машка конуренција Давид Неделковски. Во категоријата од 2006-2009 година прва е Ивана Неделковска кај женските и Петар Цеков кај машките.

Стартот на трката од Европскиот куп во далечинско пливање  е утре, во 11 часот исто така на велешко езеро „Младост“ кај хотел „Романтик“, а  пријавени се 31 пливач од кои 14 во женска и 17 во машка конкуренција. Натпреварувачите доаѓаат од Унгарија, Шведска, Германија, Италија, Србија, Бугарија, Бразил, Косово, Шпанија, Швајцарија, Франција, Данска и од нашата држава. Тие ќе пливаат на 10 км, а разликата во стартот меѓу мажите и жените ќе биде 10 минути. Патеката е во должина од 1,666 км и ќе се пливаат шест круга. 

Петмина претставници на Европската пливачка федерација ЛЕН ќе бидат присутни во Велес.

Натпреварите се финансиски поддржани од Општина Велес и Националната пливачка федерација, додека наградите за трката за рекреативците која беше денеска ги обезбеди Дине Гуџов кој е спонзор на сите досега одржани велешки пливачки маратони, а и самиот е учесник во рекреативната трка заедно со своите двајца синови.

Велес во недела е  домаќин заедно со Барселона, Белград и уште три други града од Италија, Словачка, Израел во Европскиот клуб на далечинско пливање, кое такмичење се одржува истовремено во сите шест града. ад/

Фото: Општина Велес

 

Остани поврзан