• петок, 22 ноември 2024

ЕБОР и донаторите ги поддржуваат инвестициите на МСП и домаќинствата во Северна Македонија

ЕБОР и донаторите ги поддржуваат инвестициите на МСП и домаќинствата во Северна Македонија
Број на објава:644/12/20 Датум: 31.12.2020                                                                Клучни зборови:ПроКредит Банка                                           
  • Финансиски пакет од 3,5 милиони за ПроКредит Банка за зголемување на пристапот до финансирање на малите бизниси и домаќинствата.
  • Средства од ЕУ, Програмата за инвестирање на Западен Балкан (WBIF) и Австрија, за идентификување на најдобрата достапна опрема и неповратни грантови.
  • Нови средства за поддршка во изградбата на зелена, конкурентна и интегрирана економија во Северна Македонија.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбедува два кредита во износ од €3,5 милиони кредит за ПроКредит Банка Скопје како поддршка од една страна на малите и средни претпријатија (МСП) во нивните амбиции за достигнување на ЕУ стандардите и од друга страна за поддршка на сопствениците на домови да ги направат зградите енергетски поефикасни. Новите средства доаѓаат во вистинско време, бидејќи и приватните бизниси и граѓаните во Северна Македонија го чувствуваат економското влијание од пандемијата на Корона вирусот. Првиот дел од финансискиот пакет вклучува кредит од €2,5 милиони , за зголемување на конкурентноста на МСП. Средствата ќе се позајмуваат на бизнисите за надградба на нивните производни процеси и опрема согласно стандардите на Европската Унија, особено во однос на квалитетот на производите и безбедноста, здравјето и безбедносните мерки и заштита на човековата околина. Овие активности се дел од Програмата за поддршка на конкурентноста на Западен Балкан (CSP)  ,  каде ЕБОР обезбедува кредитирање, додека ЕУ учествува  со обезбедување средства за грантови и техничка помош. Целта е да им се помогне на МСП да ги модернизираат нивните активности и целосно да ги искористат можностите за трговија на Западен Балкан и пошироко, на европските пазари. Вториот дел од финансискиот пакет во износ од €1 милион ќе биде наменети за поддршка на индивидуалните инвестиции во еколошки материјали, опрема и технологии за приватните станбени објекти. Овој сегмент е дел од Програмата за финансирање на зелена економија (GEFF), која нуди можности за изградба на позелена, поодржлива економија. Програмата е поддржана од Европската Унија Програмата за инвестирање на Западен Балкан (WBIF)  и  Федералното Министерство за финансии на Австрија . Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија изјави: ,,Ни претставува задоволство што со нашиот долгорочен партнер ПроКредит Банка Македонија можеме да обезбедиме поддршка за МСП, да инвестираме во конкурентноста на нивните бизниси, а граѓаните да ја подобрат енергетската ефикасност во нивните домови. Зајакнување на секторот на МСП и инвестирањето во зелената економија се дел од клучните приоритети во Северна Македонија, а овој проект ќе помогне да се доближиме до овие наши цели. Благодарни сме и на поддршката на ЕУ, WBIF и Австриското федерално Министерство за финансии, за големиот придонес, во успехот на CSP и GEFF програмите во   Северна Македонија, која е е регионален лидер во користење на средствата од двете рамки.“ Фрик Јанмат, Раководите на Операции 1, од Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, изјави: ,,Во моменталната здравствена пандемија, обезбедувањето на поповолен пристап до финансии на малите и средни претпријатија е од клучно значење. Тековните владини мерки за поддршка на компаниите во зачувување на работните места и опстанок на компаниите, заедничката ,,Програма  за финансирање на МСП“ на ЕУ и ЕБОР, обезбедува ресурси за завршување на капиталните инвестиции и идниот раст на компаниите. Комбинацијата на кредит и грант се докажа како силна алатка во охрабрување на компаниите во остварување на планираните инвестиции и натамошно проширување на деловните активности. Од друга страна, програмата е поттик за финансиските посредници, кои за возврат можат да преземат поголем ризик и да го зголемат кредитирањето од сопствените средства”. „ПроКредит Банка веќе 17 години успешно ја поддржува македонската економија и е докажан партнер на малите и средни претпријатија. Нашиот успех се должи на на долгорочниот, партнерски однос, транспарентност во комуникацијата со клиентите, високиот квалитет на услуга и одговорното кредитирање. Како општествено одговорна Банка, која се залага и поддржува инвестиции во енергетско ефикасни проекти, повторно обезбедивме средства за заем и можност за грант за компаниите, но и за граѓаните во извршување на планираните инвестиции и подобрување на енергетската ефикасност на нивните домови.“ – изјавија раководните лица на ПроКредит Банка ЕБОР инвестира во економијата на Северна Македонија од 1993 година. До денес, Банката има потпишано над 130 проекти во земјата, со нето кумулативен деловен обем на инвестиции од над €2 милијарди.     МИА - ОТС Комерцијални соопштенија  Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Остани поврзан