• петок, 22 ноември 2024

Дјурант останува во Бруклин

Дјурант останува во Бруклин
Лос Анџелес, 23 август 2022 (МИА) – Кошаркарот на Бруклин, Кевин Дјурант, ќе остане во НБА лигашот и следната сезона, соопшти денеска американскиот клуб. Дјурант пред неколку месеци побара од раководството да го напушти Бруклин ако сопственикот на клубот Џо Тсаи не ги смени тренерот Стив Неш и главниот менаџер Шон Маркс. Тсаи го одби барањето на еден од најдобрите кошаркари на Бруклин, а Дјурант најави дека ќе ја промени клупската средина. - Неш, Тсаи и јас вчера разговаравме со Дјурант и неговиот менаџер. Се договоривме да го продолжиме нашето партнерство. Фокусирани сме на кошарката со една цел - создавање трајно добра франшиза, која во Бруклин ќе ја донесе шампионската титула, се наведува во соопштението на Бруклин, потпишано од Шон Маркс. ег/паг/

Остани поврзан