• вторник, 19 ноември 2024

Дутерте: Функцијата претседател - не е за жена

Дутерте: Функцијата претседател - не е за жена
Манила, 15 јануари 2021 (МИА) - Филипинскиот лидер Родриго Дутерте смета дека работата претседател на држава не е за жени поради нивните емоционални разлики со мажите и ги отфрли шпекулациите дека неговата ќерка ќе го наследи следната година. - Мојата ќерка не се кандидира. И реков на Индаи да не се кандидира затоа што ја сожалувам, знаејќи дека ќе мора да мине низ тоа низ кое јас минувам, рече Дутерте на почетокот на проект за автопат, осврнувајќи се на неговата ќерка Сара која ја нарече прекарот, пренесува Си-Ен-Ен. - Ова не е за жени. Знаете, емоционалниот распоред на жена и маж е сосема поинаков. Тука ќе станете будала. Значи ... тоа е тажна приказн", рече Дутерте. Филипините досега имаа две претседателки, Глорија Макапагал Аројо и Корасон Акино. Според Си-Ен-Ен, Дутерте (75) е познат по коментарите кои честопати се сметаат за навредливи, сексистички и мазигонистички, но неговата канцеларија обично гиквалификува неговите забелешки како безопасни шеги. Неговата ќерка Сара Дутерте-Карпио (42), која го наследи како градоначалник на градот Давао, беше на прво место на неодамнешната анкета во која се побара јавноста да избере посакуван кандидат од списокот на можни кандидати за изборите во 2022 година. ссм/  

Остани поврзан