• вторник, 16 април 2024

Дурант: Лејкерси направија се за да ни го отежнат животот мене и на Букер, останатите момци ги натераа да платат за тоа

Дурант: Лејкерси направија се за да ни го отежнат животот мене и на Букер, останатите момци ги натераа да платат за тоа

Феникс, 26 февруари 2024 (МИА) – Најдобриот кошаркар на Феникс санс, Кевин Дурант, објасни што му помогна на неговиот тим да се справи со Лос Анџелес лејкерс.

Санс синоќа победија со 123:113.

- Моравме да ги казниме нашите противници затоа што направија максимални напори за да ме спречат мене и Букер. Ова е нешто на што Лејкерси исто така се фокусираа и имаа успех во претходните натпревари. Се трудеа да ни ја одземат топката од раце и да ни го отежнат животот. Но, останатите момци од нашиот тим ги натераа да платат за тоа денес. Дејвис често го оставаше Нуркиќ за да им помогне на другите да не задржат. Противникот ни врши максимален притисок и забораваше на останатите наши играчи.  Тоа го искористивме, истакна Дурант.

Феникс санс со 34 победи и 24 порази се наоѓа на 7. место во Западната конференција од НБА-лигата.

Лос Анџелес лејкерс е на 9. позиција на Запад. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан