• петок, 28 февруари 2025

Дуплантис ја крена летвичката на 6.30 за оваа година

Дуплантис ја крена летвичката на 6.30 за оваа година

 

Клермон Феран, 28 февруари 2025 (МИА) – Шведската суперѕвезда во скок со стап, Арманд Дуплантис, верува дека е способен да ја надмине границата од 6,30 метри оваа сезона.

„Би било фантастично да прескокнам 6.30. Тоа е мојата цел и мислам дека сум способен да ја постигнам“, изјави Дуплантис.

Светскиот рекордер во скок со стап вечерва го очекува настап на 10 Ол Стар издание во француски Клермон – Феран.

„Убаво е да се вратиш во Франција по олимпиското злато, животот малку се промени по Игрите. Но, моите цели и ривали се исти. Ќе се обидам да дадам се од себе, да скокам се повисоко и погоре“, изјави Дуплантис. ег

ФОТО: Икс

Остани поврзан