• недела, 22 декември 2024

Дуплантис прв пат годинава прескокна шест метри

Дуплантис прв пат годинава прескокна шест метри

 

Клермон, 23 февруари 2024 (МИА) – Олимпискиот шампион и светски првак во скок со стап, Швеѓанецот Арманд Дуплантис (24), победи на атлетскиот митинг во Клермон со височина од 6.02 метри, прескокнувајќи ја прв пат оваа година границата од шест метри.

Дуплантис во следниот обид побара летвичката да биде поставена на височина од 6.24 метри, но не успеа да ја прескокне и да постави нов светски рекорд.

„Беше многу блиску, но за рекорд е потребно да се има совршен скок. Беше супер интересно тука, уживам кога скокам тука“, рече Дуплантис.

Шведскиот атлетичар токму во францускиот град Клермон лани постави светски рекорд во сала (6.22), додека минатиот септември во финалето од Дијамантската лига во американскиот град Јуџин постави апсолутен светски рекорд, прескокнувајќи 6.23 метри.

До настапот во Клермон, неговиот најдобар скок оваа година изнесуваше 5.92 метри прескокнати на 6 февруари во шведскиот град Упсала. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан