• понеделник, 25 ноември 2024

Дука разговараше со млади од Дебар за почист град и младинските перспективи

Дука разговараше со млади од Дебар за почист град и младинските перспективи

Дебар, 31 јануари 2024 (МИА) - Загриженоста на младите околу заштитата на животната средина и перспективите на младите во градот, биле теми на разговор на средбата што дебарскиот градоначалник Хекуран Дука ја остварил со претставниците од дебарскиот дебатен клуб.

-Посебно задоволство ми беше да им посакам добредојде на дел од учесниците на дебатниот клуб во Дебар заедно со нивните тренери, како активност организирана од Центар за одржлив развој на заедницата-Дебар со поддршка на „Младински образовен форум“, информираше Дука.

Според него, целта на средбата била да се разгледаат грижите на младите од Дебар за заштитата на животната средина и младинските перспективи во градот и да се чујат предлози во надминување на проблемите.

-Средбата беше плодна бидејќи се разговараше, а беа предложени и различни идеи, како и проблеми кои директно ги засегаат интересите на младите во градот и се надеваме дека преку меѓусебна соработка ќе ги постигнеме заедничките цели за чист, зелен и жив град, посочи Дука.

На средбата биле посочени примери на некои несовесни граѓани кои насекаде создаваат диви депонии низ општината, потребата од поголема активност на надлежните во почитувањето на законските прописи и изрекување соодветни казни, како и потребата од поголема ангажираност на сите нивоа да се создадат услови за вработување на младите и стопирање на миграцијата. вт/фф/

Фото: Општина Дебар

Остани поврзан