• петок, 05 декември 2025

ДУИ: Цврсто стоиме рамо до рамо со секој новинар и интелектуалец кој има храброст да го брани јавниот интерес

ДУИ: Цврсто стоиме рамо до рамо со секој новинар и интелектуалец кој има храброст да го брани јавниот интерес

Скопје, 3 септември 2025

Нападот врз автомобилот на новинарот Насер Селмани претставува срамен и неприфатлив чин, насочен кон заплашување и замолчување на критичкиот глас. Слободата на изразување и безбедноста на новинарите се темел на секое демократско општество, а секој обид за нивно нарушување претставува директен удар врз демократијата во земјата, посочува во соопштение Демократската унија за интеграција (ДУИ), што МИА го пренесува интегрално.

Бараме од Министерството за внатрешни работи и надлежните институции веднаш да ги откријат сторителите и нарачателите на овој криминален акт, испраќајќи јасна порака дека никој не е над законот. Секое одложување или обид за прикривање на случајот ќе се сфати како соучесништво и како неуспех на институциите да ги заштитат граѓаните и слободата на говорот.

Изразуваме целосна солидарност со новинарот Насер Селмани и ја поддржуваме неговата право да работи слободно, без страв и притисоци. Ние цврсто стоиме рамо до рамо со секој новинар и интелектуалец кој има храброст да ја каже вистината и да го брани јавниот интерес.

Ваквите напади не заплашуваат само еден поединец, тие имаат за цел да ја заплашат целата јавност. А тоа нема да се дозволи.

Демократска унија за интеграција

Фото: ДУИ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан