• четврток, 26 март 2026

ДУИ: Последните изјави на претседателот на Уставниот суд не се изолиран инцидент

ДУИ: Последните изјави на претседателот на Уставниот суд не се изолиран инцидент

Скопје, 12 март 2026

Демократската унија за интеграција оценува дека последните изјави на претседателот на Уставниот суд не се изолиран инцидент, туку директна последица на политичката клима што е создадена во државата, се вели во соопштението од ДУИ кое МИА го објавува интегрално. 

Кога во Владата имате слабо, заробено и потчинето претставување како ВЛЕН, тогаш антиалбанските сили се чувствуваат охрабрени и зајакнати. Денес сме сведоци на изјави и постапки кои порано никој не се осмелуваше јавно да ги артикулира.

Наместо да ги бранат уставните права и достигнувањата од Охридскиот рамковен договор, претставниците на ВЛЕН во Владата избраа молк и сервилност. Овој молк се толкува како дозвола за напади врз албанскиот јазик, за релативизирање на еднаквоста и за поткопување на темелите на мултиетничката држава.

ДУИ јасно порачува дека албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат или релативизираат. Тие се уставни права и дел од политичкиот поредок што ја гарантира стабилноста и соживотот во државата.

Затоа, одговорноста за оваа клима не паѓа само врз оние што даваат антиалбански изјави, туку и врз оние кои, иако се на власт, избираат да молчат и да не ги бранат овие принципи.

ДУИ ќе продолжи да реагира и политички да дејствува за заштита на еднаквоста, Охридскиот рамковен договор и мултиетничкиот карактер на државата.

Фото МИА архива

Остани поврзан