• петок, 22 ноември 2024

ДУИ: Охридскиот договор без буџет и во рацете на Иван Стоилковиќ

ДУИ: Охридскиот договор без буџет и во рацете на Иван Стоилковиќ

Скопје, 14 август 2024 


Демократската Унија за Интеграција смета дека одбележувањето на Охридскиот договор од страна на моноетничката влада, без легитимитет на албанскиот народ и другите заедници, беше засенето од фактот што го организира заветениот путинист, непризнавач на независноста на Република Косово и Охридскиот договор како Иван Стоилковиќ, како и со осакатениот буџет. 

 


Единствени гости во моноетничката ”прослава” беа вазалите и приврзоци на ВМРО кои никогаш не биле ниту последната дупка во кавалот во однос на Охридскиот договор, и кои ги окупираа државните институции како губитници на изборите, без легитимитет на албанскиот гласач, но со претпочитање на ВМРО ДПМНЕ како во времето на Рахман Морина. 


Ова понижување на Албанците од страна на милениците на ВМРО достигна загрижувачки размери со тенденција да се поништи секој напредок во насока на еднаквостa. 


Правната платформа за легитимитет, подготвена како предлог од Пол Вилијамс и ПИЛПГ, го спречува вазалството и недостатокот на етнички легитимитет на институциите во согласност со духот на Охридскиот договор. 


Затоа, од септември ќе започнеме јавни консултации за платформата за легитимитет со академскиот свет, невладините организации, медиумите и граѓаните.

Демократската унија за интеграција

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

Остани поврзан