• четврток, 26 март 2026

ДУИ: Во Агенцијата за национална безбедност - 40 Македонци, еден Албанец

ДУИ: Во Агенцијата за национална безбедност - 40 Македонци, еден Албанец

10 јули 2025

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за систематското исклучување на Албанците од државните институции, при што најновиот случај е Агенцијата за национална безбедност, каде од вкупно 41 вработени, само еден е Албанец.

Оваа отворена дискриминација веќе не е само политичка загриженост, тоа е удар врз еднаквоста и мултиетничкиот карактер на државата. Сите податоци што изминативе денови беа јавно објавени во врска со вработувањата и унапредувањата во институциите се вистинити и официјално потврдени од самите државни институции. Затоа, ниту клеветите, ниту обидите за дефокусирање не можат да ја покријат вистината што е јасна за сите: Албанците се исклучуваат!

Наспроти оваа болна реалност, субјектите кои ја поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ молчат или живеат во паралелна реалност, одбивајќи да се соочат со вистината. Овој наивен и авантуристички пристап, покрај тоа што не носи ништо за Албанците, јасно покажува дека тие се заробени и во целост согласни со исклучувачката логика на нивните политички ментори.

ДУИ потсетува дека интеграцијата на Албанците на секое институционално ниво не е привилегија, туку уставно загарантирано право, кое не може да се преговара ниту да се игнорира. Албанците нема да молчат, ниту ќе се предадат.

ДУИ

______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан