• понеделник, 23 декември 2024

ДУИ: Владата на ВМРО-ВРЕДИ ја блокираат реализацијата на инфраструктурните проекти

ДУИ:  Владата на ВМРО-ВРЕДИ ја блокираат реализацијата на инфраструктурните проекти

Скопје, 9 октомври 2024 

Почитувани претставници на медиумите,

Почитувани граѓани,

Денеска сме тука да ја изразиме нашата длабока загриженост во врска со застојот на моноетничката влада во остварувањето на капиталните проекти во патната инфраструктура во првите 100 дена од нејзиното владеење.

Во овие три месеци, наместо напредок, има стагнација и кратење на средствата за клучните проекти во патната инфраструктура, како што се Коридорот 8 и 10д, автопатот Скопје-Блаце, патот Тетово-Призрен, заедничка гранична контрола, железницата, и други проекти кои се од стратешко значење за државата.

Почитувани, Коридорот 8, најголемиот и најважен проект на државата од осамостојувањето, кој ја поврзува Северна Македонија со Република Албанија и земјите од регионот, е една од главните артерии за економски развој и регионална и европска интеграција.

За жал, власта со моноетнички легитимитет намерно ги одолговлекува потребните процедури за реализација на овој европски коридор.

Тие веднаш откако стапија на власт ги намалија буџетските средства од 15,1 милијарди денари на 4 милијарди денари. Како да не беше доволно ова, тие противправно ја сменија одлуката што ја одобри претходната Влада за автопатската траса Гостивар Букојчан за изградба на тунелот во должина од 5,3 километри, што доаѓа како резултат на „cost benefit“ анализата направена од експертите, како најдобро решение кое ќе влијае на намалување на времето на патување и подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Исто така, оваа влада покажува дека нема волја да го изгради автопатот Скопје - Блацe. 

Иако работите на првите два километри се завршени, овие два завршени километри од автопатот се уште не се пуштени во употреба, додека и изборот на изведувачот за изградба во втората фаза на оваа важна патна делница што ја поврзува нашата земја со Република Косово доцни.

За да не се реализира овој проект, најавуваат промена на трасата дефинирана во основниот проект. 

Би сакале да ја информираме јавноста дека трасата предвидена во проектот е избрана со почитување на сите потребни процедури.

Како основа е земен студискиот елаборат за животна средина, направен е јавен преглед и конечно инфраструктурниот проект е одобрен од Министерството за транспорт и врски (јули 2023 година).

Оваа траса е избрана во согласност со регулативите на ЕБОР и ЈПДП, заедно со релевантните институции во Република Северна Македонија и населението во таа земја..

Дополнително, проектот за изградба на патот Тетово-Призрен останува само нивно предизборно ветување. 

Сите започнати процедури од претходната влада за реализација на овој проект се во застој.

Оттука ги прашуваме надлежните институции зошто не ги отпочнуваат постапките за избор на проектантска компанија за проектирање на заедничкиот тунел Тетово – Призрен во должина од 6,2 километри, што се предвидува во договорот потпишан меѓу двете земји на почетокот на оваа година.

Истите доцнења и опструкции ги има и за Железничкиот коридор 8, сувото пристаниште во Струга и други проекти во северозападниот дел на државата.

Почитувани претставници на медиумите,

Пречките и застојот не се присутни само во овие проекти. 

Многу други патишта и железници низ Северна Македонија се запоставени, што го попречува не само економскиот развој, туку и животниот квалитет на граѓаните.

Овие неуспеси се неприфатливи и необјасниви во време кога на нашата земја и се потребни сериозни инвестиции во инфраструктурата за да напредува во развојот и европските интеграции.

Што се однесува на проектот за најавени заеднички гранични контрола со нашите соседи, ја информираме јавноста дека оваа спогодба наречена „One Stop Shop“ веќе се имплементира со Албанија и Србија, но очигледно Владата тоа не го знае. 

Со Косово е потпишана спогодба и законот е усвоен во Собранието, додека оваа нелегитимна Влада треба само да ја примени истата и да не предизвикува редици од километри во граничниот премин Блаце.

Ние како Демократска унија за интеграција бараме целосна одговорност од Владата за овие неприфатливи доцнења и застои во реализацијата на овие стратешки проекти.

Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат влада која работи за нив, која е посветена и која ги спроведува проектите за кои се обврза.

Прес-конференција на Арбана Пашоли од ДУИ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: ДУИ 

 

Остани поврзан