• петок, 22 ноември 2024

ДУИ: Високи функционери на огранокот на ДУИ од Чаир се спротивставуваат на изјавите на Висар Ганиу

ДУИ: Високи функционери на огранокот на ДУИ од Чаир се спротивставуваат на изјавите на Висар Ганиу

Скопје, 4 февруари 2023 Демократската унија за интеграција е национално богатство на Албанците и на сите граѓани во Северна Македонија која се залага за слобода, еднаквост, интеграција и развој на државата, инвестирајќи во национални, регионални, меѓународни, инфраструктурни, развојни, образовни, културни, социјални и здравствени проекти.Сите овие достигнувања беа реализирани со наш заеднички придонес и делување во изборните кампањи и во спроведувањето на изборните ветувања и програми.Во секој изборен циклус, победата ја обезбедуваат граѓаните со наша заедничка работа и придонесот на секој од активистите на Демократската унија за интеграција во Чаир.Ние, долупотпишаните, високи членови на огранокот на ДУИ во Чаир и другите локални и централни партиски тела сме особено загрижени за околностите во нашите локални структури од причина што од изборот до денес се нема одржано состанок на огранокот на ДУИ во Чаир во последните 3 години, ниту пак е ревидирана реализацијата на ветената локална и централна изборна програма, ниту пак одговорните лица се повикани на одговорност за реализираните или нереализираните проекти.Сите проекти го имаат доприносот на секој од нас и се направени заеднички затоа што ништо не можеме сами,  а тоа го овозможи ДУИ и лидерот Али Ахмети.Секоја услуга, секој проект ветен пред граѓаните, сме имале можност да  го реализираме само затоа што таква можност ни делегирше лидерот на ДУИ, г. Али Ахмети.Затоа, длабоко сме разочарани од индивидуалните јавни реакции на градоначалникот на општина Чаир и се оградуваме од употребениот навредлив јазик и обидите за присвојување и инсталирање на поделба. Воедно, повикуваме веднаш да престане злоупотребата на позицијата за вакви поединечни агенди кои не се во согласност со лидерот Али Ахмети и Демократската унија за интеграција.

Ние, долупотпишаните, недвосмислено го поддржуваме и цврсто стоиме зад лидерот Али Ахмети и Демократската унија за интеграција. Исто така, апелираме ниту еден поединец да не биде повикан во името на огранокот на Демократската унија  за интеграција на Чаир  за лични агенди надвор од политичките определби и програми на нашиот лидер, Али Ахмети и Демократската унија за интеграција.Со почит,Назиф Буши, потпретседателАрдијан Муча, потпретседателРами Ќерими, генерален секретар, ветеран на ОВКАбдилселам Селами, организационен секретарАмела Кана, претседателка на женскиот форумКуштрим Ала, претседател на младинскиот форумИса Хоти, член на огранокотБесник Османи, член на огранокБујар Османи, член на централното раководство и портпаролНазим Буши, член на централното раководство, ветеран на ОВКБујар Дардишта, директорШаип Зенели, ветеран на ОВК, заменик. директорИлми Селами, заменик директорМухарем Асани, ветеран на ОВК, заменик директорЕкрем БуњакуНезир Барди, ветеран на ОВК, член на генералниот совет, шеф на огранокотЕкрем НурединиМенсур Цури, советник во општина Чаир
Енвер Барди, ветеран на ОВКЕкрем Нуредини, ветеран на ОВК, општински советникОмер БуњакуМухамет Заими и други.
 
ДУИ
 

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан