• понеделник, 25 ноември 2024

Дуда: Изјавите на Моравјецки за прекин на испораката на оружје за Украина се извадени од контекст

Дуда: Изјавите на Моравјецки за прекин на испораката на оружје за Украина се извадени од контекст

Варшава, 22 септември 2023 (МИА) – Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека медиумите на „најлош можен начин ги протолкувале зборовите на полскиот премиер Матеуш Моравјецки за прекин на испораката на оружје за Украина“.

- Според мое мислење, премиерот го рече следново: Нема да го префрлиме новото оружје што сега го купуваме за модернизација на полската армија во Украина, рече Дуда, додавајќи дека како шеф на државата не верува дека Полска може да го испорача нејзиното ново оружје купено за „милијарди долари за зајакнување на полската армија и полската безбедност“ на никого.

Тој нагласи дека Полска има договори за снабдување на Украина со самоодни хаубици Краб, како и муниција и борбени инженерски возила. Дуда дозволи можност Полска во иднина да го префрли своето старо оружје во Украина.

Моравјецки пред два дена изјави дека Полска повеќе не и доставува оружје на Украина, туку се фокусира на вооружување на сопствената армија. јт/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан