• сабота, 23 ноември 2024

ДС: Итно реформирање на системот за кризи

ДС: Итно реформирање на системот за кризи
Скопје, 5 април 2021 Последниот случај со спасувањето на премрзнато лице благодарение на индивидуалната пожртвуваност на еден лекар, во прв план повторно ја исфрли на површина нефункционалноста на нашиот систем за кризен менаџмент и заштита и спасување. По кој знае кој пат се покажа дека постоењето две паралелни институции - Центарот за управување со кризи, од една и Дирекцијата за заштита и спасување, од друга страна, претставуваат пречка во извршувањето на заштитните и спасувачките активности во итни случаи. Меѓу надлежностите на овие две институции постои законско поклопување, што во пракса создава дуализам, ривалите и нефункционалност. Демократскиот сојуз инсистира на итно реформирање на системот за кризи и создавање ЕДИНСТВЕНА институција која ќе го менаџира намалувањето ризици од катастрофи. Сегашната меѓувладина комисија за реформирање на овој сегмент (трета во последниве 10-тина години) мора да донесе предлог за формирање единствен државен орган кој ќе биде надлежен за реагирање во итни ситуации кога се загрозени човечки животи. Не смее да дозволи овој исклучително важен сегмент да биде заробен од интересите на политичките партии. Демократски сојуз _________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан