ДС бара закажување на собраниска седница за измени на Изборниот закон за една изборна единица
- Демократскиот сојуз бара Собранието во најбрз можен рок да закаже пленарна седница, на која би се расправало за нивниот Предлог-закон за изменување и дополнување на Изборниот закон. Со измен
Скопје, 12 јануари 2022 (МИА) - Демократскиот сојуз бара Собранието во најбрз можен рок да закаже пленарна седница, на која би се расправало за нивниот Предлог-закон за изменување и дополнување на Изборниот закон. Со измените, тие предлагаат Република Северна Македонија да биде една изборна единица.
- Повеќе пратеници на 5 март 2021 година до Собранието на Република Северна Македонија доставивме Предлог-закон за изменување и дополнување на Изборниот закон. Истиот е ставен на дневен ред на седницата закажана на 15 мај 2021 година, (точка 5), но не е започната расправата. Со огледа на важноста за законот, инсистираме во најбрз можен рок да се закаже пленарна седница и да се отвори расправа по Предлог-законот. Инаку, со промените се предлага Република Северна Македонија да биде една изборна единица, со пропорционален изборен модел и без праг, велат од Демократски сојуз.фф/дма/