• недела, 22 декември 2024

Д-р Тункалп: Вакцините против Ковид-19 се безбедни за бремените жени

Д-р Тункалп: Вакцините против Ковид-19 се безбедни за бремените жени
Женева, 25 март 2021 (МИА) - Д-р Озге Тункалп од Светска здравствена организација (СЗО) изјави дека вакцините против Ковид-19 се безбедни за бремените жени. - Во моментов имаме многу малку информации за да ја процениме безбедноста на вакцините против Ковид-19 и бременоста. Но, врз основа на она што го знаеме за видовите на достапни вакцини, многу од нив се РНК препарати и нема специфична причина да се сомневаме во нивната безбедност при вакцинирање на бремени жени, посочи д-р Тункалп. Таа додаде дека бремени жени кои имаат висок ризик од инфекција или имаат истовремени болести кои ја комплицираат болеста, можат да се вакцинираат по консултација со нивниот лекар. Д-р Тункалп посочи дека бремените жени треба да примат вакцини одобрени од СЗО. Прелиминарната студија на научници од повеќе универзитети во САД, објавена во Американскиот журнал за акушерство и гинекологија, покажува дека вакцините на Модерна и на Фајзер, кои се РНК вакцини, испровоцирале силен имунитет кај бремени жени, како и кај доилките. Но, истражувањето е спроведено на релативно мал број жени, односно 131, од кои 84 бремени, 31 доилки и 16 жени кои не биле бремени. За споредба, авторите на студијата користеле примероци од крв од 37 жени заразени со КОВИД-19 за време на бременоста. За споредба, авторите на студијата користеле примероци од крв од 37 жени заразени со КОВИД-19 за време на бременоста. Од бремените учесници, 13 се породиле за време на истражувањето, а кај 10 папочната врвца содржела антитела од вакцината, што укажува на тоа дека имунолошката одбрана од Ковид-19 преминала од мајката на децата. Сите примероци на доење земени по вакцинирањето беа исто така тестирани за антитела. По втората доза, видот на антитела познат како имуноглобулин Г значително се зголемил во мајчиното млеко. Засега не е јасно каква заштита им даваат овие антитела на новороденчињата, ниту колку трае, но ова е почетна точка за подлабоко проучување на проблемот. Сите 131 жена имале слични несакани ефекти - главоболка, замор и црвенило на местото на инјектирање. Несаканите ефекти биле релативно силни, без оглед дали жените биле бремени или не. По втората доза, околу една-третина од бремените жени имале треска, што се смета за ризик на бременоста посебно во првите три месеци. Истражувањето не ги опфатило ризиците за ембрионот. ми/

Остани поврзан