• недела, 15 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Дрогба и Есиен во одбрана на Мурињо по обвинувањата за расизам

Дрогба и Есиен во одбрана на Мурињо по обвинувањата за расизам

Истанбул, 26 февруари 2025 (МИА) -  Поранешниот напаѓач на Челси, Дидие Дрогба и неговиот соиграч во лондонскиот тим, Мајкл Есиен излегоа со поддршка за нивниот поранешен тренер Жозе Мурињо, кој беше обвинет за расизам од турскиот клуб Галатасарај.

Португалскиот стручњак, кој моментално го води Фенербахче, во понеделникот изјави дека клупата на Галатасарај „скокала како мајмуни“ како одговор на некои судиски одлуки за време на дербито меѓу двата тима.

Галатасарај, кој е лидер во првенството, веднаш изјави дека ќе поднесе жалба против тренерот. Фенербахче тврди дека зборовите на Мурињо се „целосно извадени од контекст и не можат на ниту еден начин да се дефинираат како расистички“.

-Ги видов најновите коментари за Жозе Мурињо. Верувајте ми кога ќе ви кажам дека го познавам Жозе долги години и дека не е расист. Како е можно мојот „татко“ да е расист“?, напиша Дидие Дрогба на својот X профил, откако три сезони играше во Челси под водство на Португалецот. 

Напаѓачот играше и за Галатасарај, каде што беше обожаван од публиката.

Во одбрана на Мурињо застана и играчот од средниот ред Мајкл Есиен кој на социјалните мрежи објави фотографија на која е во друштво на Мурињо и Дробга, придружувајќи ја со три срца. дс

Фото: Архива

Остани поврзан