• понеделник, 23 декември 2024

Дресот на Брајант од сезоната 2007/2008 продаден за 5,8 милиони долари

Дресот на Брајант од сезоната 2007/2008 продаден за 5,8 милиони долари

Њујорк, 10 февруари 2023 (МИА) – Дрес на кошаркарската легенда Коби Брајант, кој загина во хеликоптерска несреќа во 2020 година, е продаден на аукција за 5,8 милиони долари, што е трета највисока сума платена за спортски дрес по оние на Мајкл Џордан и Диего Марадона, објави денеска аукциската куќа Сотби.

„Овој дрес е икона каква што ретко гледаме за спортска опрема. Коби го носеше 25 пати во текот на НБА-сезоната 2007/2008, кога беше прогласен за МВП“, коментираше Брам Вочтер, раководител на одделот за модерно колекционерство на Сотби.

Жолто-виолетовиот дрес на Коби Брајант со бројот 24 е продаден на лице кое сакало да остане анонимно.

Во септември лани дресот со бројот 23 кошаркарската ѕвезда на Чикаго Булс, Мајкл Џордан, беше продаден на аукција за 10,1 милиони долари, додека претходно истата година во мај беа платени 9,3 милиони долари за дресот што аргентинскиот капитен Диего Марадона го носеше на Светското фудбалско првенство во 1986 година. ег/паг/

Остани поврзан