• понеделник, 16 декември 2024

Драстично зголемена употребата на антидепресиви по објавената мобилизација во Русија

Драстично зголемена употребата на антидепресиви по објавената мобилизација во Русија
Москва, 5 октомври 2022 (МИА) - Продажбата на антидепресиви во руските аптеки се зголеми откако претседателот Владимир Путин на 21 септември објави делумна мобилизација на 300.000 резервисти, јави ТАСС. Во текот на неделата од 19 до 25 септември, продажбата се зголеми за 120 отсто, покажуваат податоците на руската фармацевтска компанија за маркетинг DSM Group. Претседателката на Алијансата на фармацевтските здруженија, Викторија Пресњакова,  за ТАСС изјави дека од почетокот на воените дејствија на 24 февруари, побарувачката за антидепресиви, апчиња за спиење и средства за смирување е значително зголемена во споредба со претходните години. Според неа, тоа се должи на „геополитичката и економската ситуација“. Според Пресњакова, има многу пациенти на кои по првпат им биле препишани такви лекови. Меѓутоа, за да се смират, луѓето купуваат и лекови без рецепт. Во руските аптеки, многу лекови се продаваат слободно, а за кои е потребен рецепт во другите европски земји. ссм/

Остани поврзан