• сабота, 29 август 2026

Драпати го информираше командантот на силите на НАТО во Европа за интензивирањето на украинските напади врз Русија

Драпати го информираше командантот на силите на НАТО во Европа за интензивирањето на украинските напади врз Русија

Киев, 29 јули 2026 (МИА) - Врховниот командант на вооружените сили на Украина, генерал- мајор, Михаило Драпати, го информираше Врховниот командант на сојузничките сили за Европа, командантот на вооружените сили на САД во Европа, генерал Алексис Гринкевич, за зајакнувањето на операциите на Одбранбените сили.

„Прв телефонски разговор со Врховниот командант на сојузничките сили во Европа, командантот на силите на САД во Европа, генерал Алексис Гринкевич. Тој ја изложи својата визија за украинската победа и можностите што ќе помогнат во нејзиното постигнување“, рече Драпати во објава на Телеграм.

Според него, во сегашната фаза од војната, украинските одбранбени сили мора да ги интензивираат операциите во различни области, да спречат непријателска инфилтрација во одбранбените зони и да ја зголемат штетата од оган од долг и среден дострел врз непријателот.

Врховниот командант, исто така, ја нагласи потребата од понатамошен развој на армискиот корпус и зголемување на нивната автономија.

„Работиме на зголемување на смртоноста на непријателот и намалување на економските можности на Москва. За ова, користиме асиметрични пристапи и украински технологии“, нагласи Драпати.

Тој му се заблагодари на генералот Гринкевич за неговите лични напори да ѝ обезбеди на Украина дополнителни средства за воздушна одбрана, како и на претседателот Доналд Трамп, секретарот за одбрана Пит Хегсет и САД за воената помош за Украина во рамките на Листата на приоритетни барања на Украина (PURL), според која европските земји купуваат потребна воена опрема, вклучително и пресретнувачки ракети за системите „Патриот“, кои Украина продолжува да ги добива.

„Укринформ“ објави дека вчера претседателот Володимир Зеленски разговараше за заедничко производство и размена на технологии во САД со тим од одбранбената компанија „Локид Мартин“, која произведува ATACMS, HIMARS, F-16 и ракети за системите „Патриот“.сд/ми/

Фото: МИА архива