• сабота, 23 ноември 2024

Драмски театар - Скопје со претставата „Се викам Горан Стефановски“ ќе учествува на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Драмски театар - Скопје со претставата „Се викам Горан Стефановски“ ќе учествува на фестивалот „Војдан Чернодрински“
Скопје, 3 јуни 2022 (МИА) - Со претставата „Се викам Горан Стефановски“ во режија на Бранислав Миќуновиќ, Драмскиот театар Скопје ќе учествува на 56-от Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Претставата е во официјалната конкуренција на фестивалот и ќе биде изведена утре на големата сцена на Центарот за култура „Марко Цепенков“. - Минатата недела по 31 година пауза, Драмски театар со претставата „Се викам Горан Стефановски“ гостуваше на 67-то „Стеријино позорје“. Публиката во Нови Сад со овации го поздрави враќањето на актерите на Драмски театар на сцената на еден од најзначајните регионални театарски фестивали, се наведува во соопштението на Драмскиот театар. Инаку, драматург на претставата е Бранислава Илиќ, драмски писател и професор на Факултетот за драмски уметности во Белград. Станува збор за авторска адаптација од изборот на драми и монтажа на сцени од седум текста на Горан Стефановски што уште не се изведени во Драмски театар. Драмите се напишани во период од 1987 до 2021 година - „Црна дупка“, „Лонг плеј“, „Сараево“, „Казабалкан“, „Хотел Европа“, „Euroalian“ и „Одисеј“. Сценограф на претставата е Александар Дениќ, автор на музиката Влатко Стефановски. Улогите ги толкуваат актерите Биљана Драгиќевиќ – Пројкоска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов – Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска. бт/сп/

Остани поврзан