• петок, 22 ноември 2024

ДПС повеќе не ја поддржува Владата на Абазовиќ

ДПС повеќе не ја поддржува Владата на Абазовиќ
Подгорица, 10 јули 2022 (МИА) – Демократската партија на социјалистите (ДПС) на денешната седница на претседателството на партијата одлучи да ја ускрати поддршката на црногорската Влада на Дритан Абазовиќ. Владата на Црна Гора го смени политичкиот курс, спротивно на политичкиот договор за нејзиното формирање, се откажа од приоритетната задача за исполнување на обврските од евроинтеграциската агенда и набрзина, неодговорно и без консултација со стручната јавност влезе во склучувањето на Договор со СПЦ, нанесувајќи им непроценлива штета на државните интереси, се наведува во соопштението од ДПС. Претседателот на ДПС, Мило Ѓукановиќ и членовите на претседателството на партијата разговараа и за понатамошните чекори откако црногорската Влада во петокот го усвои Предлогот за основниот договор со СПЦ. Според ДПС, Владата ја загуби поддршката во Парламентот и ќе иницираат намалување на бројот на пратеници. Владата на Црна Гора на 8 јули официјално соопшти дека е усвоен Предлогот за усогласениот текст на Основниот договор меѓу Црна Гора и Српската православна црква. ми/

Остани поврзан