• недела, 22 декември 2024

ДПМ распишува конкурс за најдобра песна и есеј

ДПМ распишува конкурс за најдобра песна и есеј
Скопје, 30 мај 2022 (МИА) - Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) распишува конкурс за најдобра песна и најдобар есеј на манифестацијата „Празник на липите“. На конкурсот може да учествуваат сите членови на ДПМ анонимно, а изборот за најдобра песна, односно есеј, ќе го врши тричлена стручна комисија. Како што соопштија од ДПМ, песната или есејот треба да се испрати во 4 примероци потпишани со шифра на адреса - улица „Максим Горки“, бр. 18, 1000 Скопје, или преку електронска пошта на адресата  drustvonapisateli@gmail.com, најдоцна до 15 јуни оваа година. Манифестацијата „Празник на липите“ ќе се одржи во втората половина на јуни, а точниот датум ќе биде дополнително и благовремено објавен. - Напоменуваме дека е потребно учесниците што ќе учествуваат по електронски пат да направат нова адреса за електронска пошта исклучиво наменета за конкурсот, која нема да ги оддава нивните лични податоци и ќе го гарантира принципот на анонимност, се наведува во соопштението на Друштвото на писателите на Македонија. бт/сп/

Остани поврзан