• четврток, 15 мај 2025

До 4 мај пријавување за бесплатна работилница за млади фотографи

До 4 мај пријавување за бесплатна работилница за млади фотографи

Скопје, 25 април 2025 (МИА) - Млади фотографи од земјава, на возраст од 21 до 35 години, до 4 мај можат да аплицираат на бесплатната менторска програма „OUT OF FRAME“ во Скопје. Работилниците ќе се одржуваат од 12 до 30 мај 2025 година во Музејот на Град Скопје.

Линкот за пријавување е: https://forms.gle/eHYKeCwiz27PPMsM7

Како што информира Музејот на Град Скопје, Центарот за развој на фотографија од Белград во соработка со Музејот на Град Скопје ги кани младите да бидат дел од регионалниот проект кој ги собира експертите и фестивалските фотографии од Србија, Црна Гора и Северна Македонија.

- Работилниците се фокусираат на моќта на документарната и ангажирана фотографија, но ги прати и современите предизвици – од етика во ерата на вештачката интелигенција, до дигитална видливост и преглед портфолија, стои во соопштението.

Работилниците се наменети за сите кои се занимаваат со фотографија – студенти, членови на фото-клубови, самоуки автори кои објавувале или кои досега не објавиле свои дела. За учество во оваа програма, како што се наведува, е поважна сериозна мотивација и желба за професионален развој од нивото на кое сте во моментов.

Предвидени се 10 работилници со искусни предавачи и ментори, меѓу кои се Александра Ристовска, Владимир Јовановски и Сашо Алушевски. Гостин предавач ќе биде Звездан Манчиќ, директор на Меѓународниот фестивал на фотографија VIZUALIZATOR од Белград и претседател на Центарот за развој на фотографијата.

Работилниците се дел од меѓународниот проект „OUT OF FRAME: Промовирање на нови перспективи преку фотографијата“, кој ги поврзува фотографските фестивали и автори од Србија, Црна Гора и Северна Македонија, во рамки на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан (CC4WBs)“, финансиран од Европската унија и спроведен со поддршка на British Council. CC4WBs има за цел поттикнување на дијалогот на Западен Балкан преку унапредување на културниот и креативниот сектор за зголемување на општествено-економското влијание. мд/аа/

Фото: Музеј на Град Скопје 

 

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан