• понеделник, 23 декември 2024

До 15 часот во Прилеп гласале над 42 проценти од избирачите

До 15 часот во Прилеп гласале над 42 проценти од избирачите

Прилеп, 8 мај 2024 (МИА)  - До 15 часот во Прилеп денеска на двојните избори на гласање излегле повеќе од 42 проценти од граѓаните со право на глас. Изборите течат непречено, без некои проблеми, информираат од Општинската изборна комисија.

Конкретно, за Претседателските избори до 15 часот излезеноста е 42,43, а за Парламентарните 42,39 проценти. Во Прилеп се запишани, за Претседателските избори 62 169, а за Парламентарните 62 271 избирач. Се гласа на 142 избирачки места. ем/сст/

фото МИА архива 

Остани поврзан