• четврток, 26 декември 2024

До четврток доставување мостри, во петок избор за најдобри вина и ракии во Неготино 

До четврток доставување мостри, во петок избор за најдобри вина и ракии во Неготино 

Неготино, 7 февруари 2023 (МИА) - До четврток трае доставувањето мостри, в петок се реализираат дегустација и избор за најдобри вина и ракии, во чест на верскиот празник Свети Трифун, што се смета за заштитник на лозарите и винарите, информираше денеска градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов. 

- Со дегустацијата, оценувањето и изборот на најквалитетните вина и ракии, започнуваат активностите од „Неделата на виното“, со која се одбележува празникот на лозарите и винарите Свети Трифун. Општина Неготино како организатор на настанот, ги информира индивидуалните производители и семејни винарници од цела Македонија дека мострите за дегустација на бели, црвени и розе вина од реколтата 2022 година и ракиите ќе бидат оценувани од страна на стручна комисија, составена од енолози од Здружението на енолози на Македонија, соопшти градоначалникот. 

Наградите и признанијата на најдобрите производители на вина и ракии ќе им бидат врачени на централната прослава по повод Свети Трифун, која во вторник, 14 февруари, ќе се одржи на градскиот плоштад во Неготино. свд/вј/

Остани поврзан