• сабота, 23 ноември 2024

До Мундобаскет 2023, преку две етапи и шест „прозорци“

До Мундобаскет 2023, преку две етапи и шест „прозорци“
Минхен, 28 август 2021 (МИА) - Квалификациите за Светското кошаркарско првенство  ќе се играат во две фази од по три „прозорци“, во периодот од ноември 2021 до февруари 2023 година. ФИБА го објасни системот за квалификации. Одлучено е да се промени системот, па во првата фаза, 32 репрезентации во европските квалификации ќе бидат поделени во осум групи од по четири. Првопласираните три од секоја група одат во следната фаза каде се спојуваат со друга и ги пренесуваат бодовите од првата фаза. Тоа значи дека во втората етапа ќе има четири групи од по шест репрезентации, но нема да се почнува од „нула“. Пласман на Мундобаскетот обезбедуваат првите три репрезентации од новоформираните групи, односно од втората фаза. Првата етапа ќе се игра во три прозорци: од 20 до 30 ноември 2021, од 21 февруари до 1 март 2022 и од 27 јуни до 5 јули 2022 година. Во втората етапа ќе се игра од 22 септември до 30 август 2022, од 7 до 15 ноември 2022 и од 20 до 28 февруари 2023 година, со по два натпревари во секој прозорец. Ждрепката за квалификациите за Мундобаскет 2023 ќе се одржи на 31 август. зс/

Остани поврзан