• недела, 22 декември 2024

До крајот на годината се очекува да заврши изградбата на Пречистителната станица во Дојран

До крајот на годината се очекува да заврши изградбата на Пречистителната станица во Дојран

Дојран, 20 ноември 2024 (МИА) - До крајот на годината се очекува да заврши изградбата на Пречистелната станица и колекторот во Дојран со средства обезбедени од Владата и Амбасадата на Словенија, информираше градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.

Според него, забрзано тече изградбата на новата Пречистителна станица.

-Заеднички решаваме децениски проблем и го реализираме најголемиот проект за заштита на Дојранското Езеро и животната средина. Очекувам набргу да добиеме нова и модерна Пречистителна станица, која на почетокот на идната година ќе биде ставена во функција на заштита, пред се, на Езерто, изјави Ангов.

Инаку, изградбата на овој капитален објект чини 4,5 милиони евра, од кои околу 60 отсто се обезбедени од Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање, а останатите од Амбасадата на Словенија во нашата држава.

Со парите добиени од словенечката амбасада се изградија и пречистителни станици во селата Фурка и Црничани, како и канализациски систем во село Црничани. рт/сст/

Фото: Општина Дојран

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан