• петок, 22 ноември 2024

До вечер ќе се нормализира водоснабдувањето во неколкуте штипски населби

До вечер ќе се нормализира водоснабдувањето во неколкуте штипски населби

Штип, 25 јули 2024 (МИА) - Интензивно се работи на поврзување на новата водоводна линија, а во текот на денот постепено ќе се нормализира водоснабдувањето во одредени населени места кои немаат вода за пиење, информираше денеска директорот на Јавното претпријатие (ЈП) „Исар“-Штип, Кирил Зајков.

Тој посочи дека градежните активности се одвиваат без проблеми, а за граѓаните од неколкуште штипски населби, кои од синоќа немаат вода за пиење им препорача првата вода, која ќе пристигне во чешмите да не се користи за пиење, а утре веќе ќе се направат и анализи за квалитет на истата.

-Се наоѓаме на лице место или онаму каде една од четирите екипи кои вршат поврзување на новата линија. Екипи на ЈП „Исар“ и приватниот изведувач работат од рано утринава, за сега работите се одвиваат во најдобар тек. Водата може да се користи, но, како препорака оти станува збор за комплетно нова водоводна линија во должина од еден километар е додека не помине онаа прва вода да не се користи за пиење, изјави Зајков.

Тој истакна дека со новата водоводна линија се очекува дефектите да бидат минато, и да се нормализира водоснабдувањето во сите населени места во градот. Дополнително се работи и на директно поврзување на населбата Баби со Филитер станицата на ЈП „Исар“, со што оваа населба вода за пиење ќе добива од два крака.

-Самиот факт дека е нова водоводна линија, очекуваме дефектите кои во минатото беа секојдневие дека ќе завршат и ќе поминат во историја. Дополнително она што го работиме е директно поврзување на населбата Баби со резервоарот на ЈП „Исар“. Населбата Баби ќе се снабдува со вода од два крака, додава Зајков. вдј/сст/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан