• недела, 22 декември 2024

Дојче веле: Дали Европа е на работ на нова гасна криза?

Дојче веле: Дали Европа е на работ на нова гасна криза?

Киев, 5 декември 2024 (МИА) - Зголемените цени на гасот и веројатното истекување на клучниот договор за гасоводот што минува низ Украина ја зголемија загриженоста дека Европа е на работ на нова енергетска криза.

Зголемувањето на цените на плинот во последните недели им врати лоши спомени на европските трговци со енергија и на владите. Се уште се свежи сеќавањата за проблемите што ги погодија енергетските пазари по руската инвазија на Украина во 2022 година. Кога Европа се обиде да ја прекине зависноста од рускиот гас, цените пораснаа, објави Дојче веле.

Освен што ја поттикна и онака растечката инфлација, предизвика и страв од рестрикции. Постојаните високи цени, исто така, создаваат проблеми за енергетски интензивните индустрии, што доведува до губење на работни места.

Сепак, Европа добро ги издржа последните две зими, главно благодарение на потоплото од очекуваното време, што овозможи потрошувачката на енергија да остане ниска.

Сепак, студениот почеток на ноември придонесе за ново поскапување на природниот гас. На 21 ноември цените достигнаа речиси 49 евра (51,6 долари) за мегават-час, што е највисока цена за изминатите 365 денови.

Студеното време доведе до поголемо користење на греењето, а во комбинација со малата брзина на ветерот во северна Европа и намалената понуда од ветерниците, побарувачката за гас е поголема.

Сепак, цените се уште се под максимумот забележан во 2022 година, особено затоа што побарувачката за гас е намалена оттогаш. Сегашниот шок може делумно да се објасни со фактот дека во текот на 2024 година цените беа многу пониски од кога било од почетокот на војната. „Цените се зголемија за приближно 40 отсто од средината на септември“, вели за ДВ Петрас Катинас, енергетски аналитичар во Центарот за истражување на енергија и чист воздух (CREA). „Значи, тоа е одеднаш е прилично голем скок“.

Изгледите за постудена зима доведе до стравувања дека залихите - кои до неодамна беа целосно пополнети - може да се исцрпат и дека тоа може да поттикне цикличен скок на цените, наведува медиумот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан