• четврток, 21 ноември 2024

Дополнителниот заменик министер Петровска во посета на СВР Велес

Дополнителниот заменик министер Петровска во посета на СВР Велес
Скопје, 6 март 2020 Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Славјанка Петровска денеска во Секторот за внатрешни работи Велес имаше работен состанок со раководството на оваа полициска организациона единица посветен на тековните активности на полицијата, вклучително и во врска со подготовките околу претстојните парламентарни избори. Притоа Петровска беше информирана дека актуелната состојба на подрачјето во надлежност на СВР Велес, е задоволителна и стабилна, и дека е евидентен нагорен тренд во справувањето со разните видови кривични дела. Особено во поглед на зголемената ефикасност во расчистувањето на кривичните дела. Покрај ова, дополнителниот заменик министер Петровска нагласи дека во наредниот период еден од императивите во секојдневното работење на полицијата ќе биде следењето на изборниот процес од аспект на законските надлежности и обврски на полицијата при што од раководството на СВР Велес доби уверување дека полицијата ќе го вложи својот максимум во обезбедувањето на услови за одржување на мирни,фер и демократски избори, на коишто граѓаните непречено и слободно ќе можат да ја изразат својата изборна волја. Инаку по СВР Велес дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Петровска денес ги посети и полициските организациони единици во Чашка, Демир Капија, Неготино и Кавадарци, каде што во разговорите со полициските раководители исто така теми ќе бидат безбедносните состојби и подготовките за изборниот процес. Министерство за внатрешни работи _____________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан