• понеделник, 10 февруари 2025

Дончиќ ќе дебитира за Лејкерси против Јута

Дончиќ ќе дебитира за Лејкерси против Јута

Лос Анџелес, 9 февруари 2025 (МИА) - Тренерот на Лејкерс Џеј Џеј Редик го објави датумот за дебито на новодојденецот во тимот, Лука Дончиќ.

- Лука најверојатно ќе дебитира како играч за нашиот тим во вторник против Јута. Договор за ова прашање нема, но најверојатно тој се очекува во вторник. Сите сакаме да го видиме Дончиќ во дресот на Лејкерс, изјави тренерот, на  официјалниот сајт на НБА.

Лос Анџелес лејкерс на 2 февруари го објавија трансферот на 25-годишниот словенечки кошаркар.

Оваа сезона Дончиќ има просек од 28,1 поен, 8,3 скока и 7,9 асистенции по натпревар. Дончиќ во текот на својата кариера пет пати учествуваше на Ол-стар во НБА лигата.

Во Лејкерс, Дончиќ дојде од Далас маверикс. зс/

Фото: Фејсбук ЛА лејкерс

Остани поврзан